Џихадисти ги користат балканските патишта за да дојдат до Европа и Сирија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Патот на џихадисти поминува низ Балканот.

5003244

Џихадисти ги користат пристаништата во Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска, за да дојдат до Европа или да заминат за Сирија, каде се вклучуваат во редовите на “Исламска држава”. Ова го пишува италијанскиот  весник “Република” и прецизира дека ги  користат и италијанското пристаниште Бари, за да дојдат до Дубровник, Хрватска. Поради оваа причина се земени дополнителни мерки за безбедност и контрола во Бари, пишува уште весникот.

Повеќекратно се зголемени полициските патроли и се врши проверка на максимален број патници околу Бари. Од ова италијанско пристаниште стартуваат многу бродови за Хрватска, Црна Гора, Грција и Албанија. Според анализите на тајни служби во Рим има зголемување на радикалните елементи на Албанија. Само пред една недела италијанските служби предупредија дека постои опасност од терористички напади на територијата на земјата и поради оваа причина во Рим беше подигнато нивото на безбедност во Рим на второ од Тристепениот систем.

Во пристаништата се проверуваат сите патници кои доаѓаат надвор земјите од Шенген, што претставува помеѓу 25 и 50 проценти од сите кои стартувате со бродови во различни насоки. Засилени контроли има и на аеродромите, каде минуваат милиони патници годишно. Експертите сметаат дека Италија може да се претвори во цел на терористите, откако отвори воените бази за американските сили кои ги бомбардираат позициите на исламистите во Либија. На барање на либискиот премиер Фајез ел-Сарај Рим испрати неколку дена специјалците во Либија.