Музичарот и еден од членовите на жирито на музичкото шоу „Ѕвезде гранда“, Џорџе Давид Николиќ, е позитивен на коронавирусот. Сега е во болница во карантин. За својата здравствена состојба зборува преку социјалните мрежи, а за српските медиуми откри каде се заразил, со кого се дружел и какви симптоми имал.
– Си го вртам филмот во главата, кој е тој што мене ми го пренесе вирусот. Ова е сериозна работа. Јас се однесував примитивно, како што денеска се однесуваат повеќето луѓе, мислев дека сум недопирлив, дека мене ништо не може да ми се случи – призна пејачот.
Тој рекол дека кашла од јануари, а меѓу другото и патува.
-Сфатив дека тие денови бев во контакт со 500 луѓе. Не размислуваш баш дека може нешто да ти се случи – додал.
– Се започна со блага вртоглавица. Како да дошол невидлив пријател кој ми пушти електрична енергија низ организмот, како струја д ме лазеше. Трчав низ станот и врескав, се туширав неколку пати – ги опишал симптомите на почетокот.
Потоа дошол во болница, го прегледале и му рекле дека има сериозно воспалување на белите дробови.
– Доколку земам длабоко воздух, кашлам две минути. Таа болка, и раздразливост на белите дробови… Што се однесува до моите пријатели, за среќа немаат симптоми. Мислам дека како јавна личност треба да кажам дека сум заразен, а има многу кои крија – заклучил Давид.