Џулија Робертс ненајавена на гости кај белграѓанка

од desk2

Познатата светска актерка Џулија Роберт, за која медиумите од регионов пишуваа деновиве дека е во посета на Белград, синоќа заѕвонила на погрешна врата, но тоа ја израдувало домаќинката.


„Заѕвони ѕвончето на вратата во 22.30 часот. Помислив дека некој пак го згрешил светлото. Проверувам и отворам врата и ја гледам Џулија Роберстс“, вели Александра Марковиќ од Белград.

Џулија Робертс веќе пет дена е со сопругот, филмски работник Даниел Моред и со синовите 12-годишните близнаци Хејзел и Фенј Волтер и 10-годишниот Хенри Даниел во Белград, Србија.Наскоро, нејзиниот сопруг во Белград почнува со работа на филмот „Ибица“. Иако, официјално отседнаа на Студентскиот плоштад, Џулија изнајмила стан во друга населба во Белград.

Кога заѕвонила по грешка на вратата на Марковиќ, Џулија се насмеала и рекла дека помислила дека тука се пали светлото. Се извинла и заминала заедно со сопругот и трите сина.

Но, балканската радозналост на Марковиќ не сопрела тука. За да се увери дека тоа навистина е Џулија Робертс сакала да се качи кат погоре и да провери, па се сетила дека цревото од климата капи на нивниот прозорец. Се качила горе и кажала, на што Робертс рекла дека нема да вклучуваат клима.

Се сретнале и на скалите во саботата, при што сопругот на Роберст ја позрдравил Александра, таа прашала дали може да се сликаат на што Џулија рекла не. Сепак белграѓанката вели дека сите се фини, аособено децата, за кои мислела дека ќе бидат разгалени и безобразни.

Слични содржини