Дибала за новиот тим: Се уште ништо не сум одлучил, ќе го изберам најдоброто за себе

од Vladimir Zorba

Пауло Дибала се уште не го избрал својот следен тим. Ова го изјави по хуманитарниот натпревар во Милано, организиран од Самуел Ето. Аргентинецот ќе стане слободен играч на 30 јуни кога му истекува договорот со Јувентус, а интерес за него имаат Интер, Рома, Тотенхем, Пари Сен Жермен, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

„Среќен сум што сум тука и можев да разменам неколку зборови со Ето. Беше одличен фудбалер и не можев да ја пропуштам шансата да разговарам. Повеќе сакам да коментирам за настанот, а не за мојата иднина. Јас сум мирен. Утре ќе и се приклучам на репрезентацијата пред мечот со Италија, па ќе одам на одмор“, изјави Дибала, кој беше забележан како разговара со потпретседателот на Интер, Хавиер Занети.

„Се уште ништо не сум одлучил. Ќе се обидам да го изберам најдоброто за себе“, продолжи Дибала.

Пред неколку дена, легендата на Рома, Франческо Тоти изјави дека ќе го искористи своето присуство во Милано за да се обиде да го убеди напаѓачот да се пресели во Рома. Синоќа тој ги потврди своите зборови и дури рече дека би бил среќен Дибала да го земе бројот 10 на „волците“.

„Тоти е вистински идол. Мило ми е што слушнав дека тој зборува позитивно за мене“, изјави аргентинскиот репрезентативец.

Слични содржини