Диетата на Моника Белучи

од Vladimir Zorba

Моника Белучи е една од најубавите жени на сите времиња. Актерката ја должи убавината не само на секојдневните рутински грижи, но и на храната што ја консумира. Совршените облини ги одржува со пливање и фитнес 4 дена неделно, по минимум 45 минути.
Белучи исто така практикува јога и медитација. Што се однесува до исхраната, во менито  секогаш има многу свежо овошје и зеленчук. Белучи следи за подолг временски период одреден режим на исхрана, кој потоа го менува наизменично со друг, но секогаш се стреми да се храни здраво и разноликo.

Ja споделуваме нејзината 5-дневна диета , која треба да ја пробате. Не заборавајте да пиете многу вода и ограничете ја потрошувачката на сол на минимум.

Прв ден
Појадок: чаша кафе, 2 лажичиња мед
Ручек: зеленчукова салата овкусена со маслиново масло и лимонов сок, кришка пченкарен леб 150 г бобинки или друг вид плод
Вечера: 200 г шпагети подготвени само со доматен сос, малку овошна или зеленчукова салата

Втор ден
Појадок: јогурт со свежо овошје
Ручек: омлет приготвен со три белки и една жолчка, динстани тиквички, парче интегрален леб
Вечера: 120 г варено или печено не мрсно месо, овошна или зеленчукова салата

Трет ден
Појадок: две тост, плод по ваш избор, чаша чај со парче лимон
Ручек: варени компири, зачинет со маслиново масло и свежи билки, парче сирење со ниска содржина на масти и сол
Вечера: Шпагети со доматен сос со свежи зачини, овошна салата

Четврти ден
Појадок: 200 гр нискомаслен јогурт со една лажица овесни снегулки
Ручек: 50 гр варен ориз, 100 г варено или печено говедско месо, 100 г варен тиквички, плод по ваш избор
Вечера: 150 г печена риба, салата, овошје по ваш избор

Петти ден
Појадок: тост и 200 мл овошен сок по ваш избор
Ручек: Шпагети со свежи билки, неколку парчиња свеж ананас
Вечера: салата приготвена со грав, 1 варено јајце, кромид, билки, кришка пченкарен леб, овошје.

Слични содржини