Дијанет: Фреските во Аја Софија не се пречка за молитвите

од Aleksandar Petrovski

Дирекцијата за верски работи на Турција (Дијанет) соопшти дека фреските и иконите во „Аја Софија“ не се пречка за изведување молитви, откако објектот беше претворен во џамија уште минатата недела.

Во објавата на „Дијанет“, јавува Агенцијата Анадолија, се наведува дека фреските и иконите ќе бидат покриени или затемнети за време на молитвата со соодветен метод.

Тие исто така посочуваат дека од религиозна страна не постојат никакви пречки за Аја Софија, сега како џамија, да остане отворена за посетителите надвор од верските програми.

Минатата недела, Врховниот суд на Турција ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година да ја претвори џамијата Аја Софија во музеј.

Потоа, претседателската одлука беше објавена во Службен весник на Турција, со која Аја Софија се отвора за молитва и поминува во надлежност на Дирекцијата за верски работи на Турција.

Слични содржини