ДИК бараат нови вработувања за успешно спроведување избори, Министерство за финансии не одобрува

од Vladimir Zorba

ДИК бара кадровско зајакнување во пресрет на парламентарните и претседателските избори следната година. За испразнетите работни мести се надеваат дека навреме ќе добијат доволен број решенија од Министерството за финансии. За Предлог годишните планови за вработување за 2023 година и за 2024 година на ДИК членовите на оваа институција денеска расправаа на седница.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски посочи дека од последните избори во 2021 година се намаил бројот на вработени, но оти Министерството за финансии не дава одобренија на нивните барања поради немање доволно средства. Се прават напори, како што посочи, за навремено зајакнување на позициите пред изборите во 2024 година.

– Од изборите во 2021 година повеќе луѓе се пензионираа, а одреден број на луѓе, заминаа од институцијата така што сега сме ослабнати на повеќе позиции. Од Министерство за финансии баравме повеќе пати одобрение за пуштање оглас, меѓутоа не ни дозволија поради финансиската состојба и немање доволно средства. Сега ќе пробаме уште еднаш со планот за вработување и унапредување за 2023 година, во која не сме добиле ниту една место и ќе гледаме тоа да го исполниме, затоа што наредната година ни се изборите и тоа би придонело за навремено зајакнување на позициите, истакна Даштевски после седницата.

Слични содржини