
На последните локални избори во САД демократите се опоравија од ланскиот пораз, со победа во повеќе сојузни држави, како Вирџинија или Њу Џерси. Доналд Трамп и републиканците ја губат довербата кај електоратот. На што се должи тоа?
– Трамп никогаш и немал популарна подршка и неговиот рејтинг е многу низок. Знаеме дека традиционално, претседателот на САД и партијата што го избрала се губитници на midterm elections (меѓуизбори). Најважниот индикатор не е каде тој загубил, туку кај кој електорат се намалува подршката за Трамп. Знаеме дека значеан дел од подржувачите на Републиканската партија се дистанцираат од Трамп, но некои сенатори кои бараат реизбор тоа не смеат да го направат, освен оние кои не одат на реизбор следната година (на изборите за Конгресот и Сенатот). Добар индикатор за тоа дали Трамп губи ќе бидат изборите во ноември 2018. Перформансите на американската економија, дали ќе има посероизен раст на економијата, исто така, се важни. Доколку републиканците загубат во 2018, очекувам Трамп да биде соочен со силен кандидат во текот на примарните избори, односно внатрепартиската трка за претстедателски кандидат од страна на републиканците.
До последен момент беше неизвесно дали Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат на Азиско-пацифичкиот самит за економска соработка во Виетнам. Тие, сепак, остварија неофицијална средба. Што би можело да се очекува од оваа средба во однос на Сирија и Украина?
– Системот од држави и страни инволвирани во блискоисточната криза има достигнато некаква согласност за избегнување директен судир меѓу Русија и САД, посебно во театарот на воени дејствија во Сирија. Можеби ќе има некаков прогрес за ова, и Трамп и Путин сигурно разговарале на темата. Прагот за постигнување некаков договор,сепак, е многу низок, очекувањата се многу ниски, и на Трамп ќе му биде тешко да се договори со Путин. Посебно со тековните проблеми што тој ги има дома, околу истрагите за наводното руско хакирање на демократските процеси во САД и улогата на Кремљ во фалсификување на претседателските изборите лани. Друг проблем е несихронизираноста на извршната власт во Вашингтон. Од Белата куќа се праќаат едни пораки, додека од Стејт департментот доаѓаат други. Во американската надворешна политика не постои една линија, и тоа претставува пречка во нормализирање на односите со Москва. Тилерсон е пред голема мака, Трамп се меша во неговите одлуки и немада биде изненадување доколку тој поднесе оставка. Трамп донесе и дисконтинуитет во однос на Иран, со инсистирање за ревизија на нуклеарниот договор и приближување кон Саудиска Арабија.
Русите очекуваат решавање и на друго важно прашање – конфликтот во источна Украина. Некои медиуми овде веќе објавија дека Вашингтон планира да достави предлог до Москва за распоредување мировници во Донбас, како одговор на рускиот предлог за слична мисија на сини шлемови под водство на ОН, кои би ја гаранирале безбедноста на набљудувачите од ОБСЕ. Предлогот (за распоредување на 30.000 мировници во источна Украина) е тестирање на руската решеност за завршување на конфликтот. Да се види дали Москва блефира. Во однос на Европа, пак, сѐ додека конфликтот останува нерешен, не очекувам некакви промени. Санкциите остануваат во сила и можат да се прошират. Така што, ако се исчисти реториката согледуваме дека односите помеѓу САД и Европа од една страна, и Русија од друга, се наоѓаат во статус кво.
По соборувањето на рускиот авион „Сухој 24“ над Сирија, во 2015 година, и непријателствата меѓу Русија и Турција, сведоци сме на една своевидна револуција во нивните билатерални односи. Ердоган купува руско оружје, се возобнува трговијата, руските туристи се враќаат во Турција. Каков сигнал праќа Анкара со ова кон НАТО сојузниците?
– Секогаш кога имала проблеми со Западот Турција се отварала кон Русија. Така е и сега, така било и порано со Советскиот Сојуз. Анкара секогаш барала автономна надворешна политика. Сега, во време на криза на односите со САД и ЕУ нормално е Турција да бара потесни односи со Русија. И ова зближување, сепак, има граници – Турција со Русија не можат да станат сојузници. Прашање е до каде ќе се оди со зделката со ракетно оружје, бидејќи се работи за нови технологии, за know-how, до каде Русите би оделе во отстапување на такви ракетни технологии на Турција. Тоа е проблематично. Во однос на Сирија, Москва е свесна дека може да има потесни заеднички интереси со Турција отколку со Западот, и Русија е гарант дека интересите на Анкара во Сирија ќе бидат во некоја мерка зачувани.
Русија на некој начин одржува контрола и рамнотежа на силите во регионот, ги држи под закрила Курдите и затоа има влијание кај Анкара?
– Турција, секако, трпеше и трпи големи загуби од повеќегодишната војна во Сирија, и Русија сега помага да се врати турското влијание во регионот. Да не заборавиме, на Русија и е потребна силна Турција и ако се дојде до излезна стратегиа во Сирија, Кремљ треба да направи зделка со многу држави. Не само со Турција, тука се Саудиска Арабија, режимот на Асад и Иран. Двете страни имаат многу допири точки во регионот. Но, се јавуваат и моменти на соперништво. Како отварањето на транспотниот коридор Баку-Тбилиси-Карс и енергеската маршрута со јужниот коридор за гас. Дел од проектите на коридорот Исток-Запад, финансирани од западни влади и банки. Гасоводот треба да носи природен гас во ЕУ од Азербајџан преку Турција. Овие коридори се градат да ја заобиколат Русија. Соперништво постои. Секогаш било така во и околу Црното Море, каде Русија и Турција во многу области соработувале, но во многу биле конкуренти.
Сведоци сме на тоа дека Русија се обидува да игра активна улога во политиките на многу држави на Балканот. Српскиот претседател Александар Вучиќ лани се пожали дека бил мета на атентат, откако во близина на неговиот дом најдоа автомобил полн со оружје. Истовремено, се случи, како што Подгорица тврди, и неуспешен обид за државен преврат во Црна Гора, за што беа обвинети руско-српски радикали. Деновиве со слична порака на Вучиќ се јави и македонскиот премиер Зоран Заев – дека подолго е изложен на закани по неговиот живот. Колку се реални ваквите стравови?
– Овој регион секогаш се одсликувал со нестабилност. Балканот е слаба точка во евроатлантскиот безбедносен систем, и Русија го користи тоа и реализира некаков притисок. Од друга страна, Москва смета дека Запад се меша во нејзината сфера на влјание, во земји како Молдавија, Грузија и Украина, и нејзините акции на Балканот се одговор на зголемената улога на западните центри во овие земји. Меѓутоа, Москва нема некоја долгорочна стратегија во регионот и само ја користи слабоста на Западот, прави проблем на западните фактори и спречува проширување на евроатлантските институции. За Русија, Балканот не е некој приоритет и Москва овде не вложува такви средства, како во Украина, или во Сирија, на пример. Но, од друга страна, во овие земји многу полесно може да влијае бидејќи антизападното расположение овде е многу поизразено.
Околностите за неуспешниот државен удар во Црна Гора се уште се нејасни. Има различни теории за тоа кои се организаторите и нивната цел. Една говори дека тоа се фриленсери, кои го продале овој проект на Кремљ, а потоа се вклучило ГРУ (руско воено разузнавање). Понекогаш, руското влијние е резултат не само на државни институции, туку и на други актери кои се блиски на власта но автономни.
Дали се тоа бизнисмени, олигарси или припадици на приватни безбедносни агенции составени од бивши агенти во КГБ и ГРУ, кои имаат свои агенди и му се додворуваат на Кремљ со приватни воено-разузнавачки проекти, што потоа би можеле да добијат институционална воено-парична помош? Како на пример, приватната воена компанија „Вагнер“, која дејиствува во Сирија и во Украина.
– Точно. Целата историја околу неуспешниот пуч во Црна Гора тешко може да се реконструира, бидејќи немаме повратна информација. Знаеме за вклученоста на (претприемачот) Константин Малофејев. Знаеме за блиц посетата на Николај Патрушев (поранешен дирекор на ФСБ и сегашен секретар на Советот за безбедност на РФ) на Белград веднаш по изборите и немилите настани во Подгорица, со апсењето на актерите од страна на црногорската полиција.
Во однос на наводната информација на заканите по животот на премиерот Заев и целата работа со руското влијание во Македонија, тоа е многу темна тема. Од македонското разузнавање можеби имаат некои информации, но прашање е дали ќе бидат обелоденети. Ние не знаеме со какви ресурси располагаат Русите во Скопје и какви планови имаат. Знаеме само дека е зголемен персоналот на руската амбасада и тоа е индикатор. Не се знае дали имале некакви ангажмани со претходната влада и дали играле некаква игра. Очигледно е дека политичкиот естаблишмент во Македонија не знае за конкретни работи за Русија. И кога се зголемува анимозитетот кон западните институции тие секогаш гледаат алтернатива во Русија.
Тоа е механизмот што функционира на Балканот. Како во Србија и Црна Гора, така и во Македонија и Бугарија. Балканот и Македонија не се приоритет за Москва./MIA
Борис Камчев , Чапел Хил, 18 ноември 2017