Димитриевски бил проект на ВМРО-ДПМНЕ на кој работеле година и пол, кажа Михајловски

од Vladimir Zorba

„На еден состанок на општински комитет во Куманово после локалните избори се појавува раководството на партијата и кажува дека Максим Димитриевски е негов проект на кој работел година и пол“, изјави вчера Тони Михајловски.

Кумановскиот актер додаде дека во кампањата за локалните избори влегол искрено и со желба да помогне на партијата од која денес се чувствува злоупотребено.

„Бев викнат, сакаш ли да бидеш кандидат. Јас сум бил игран од самиот старт, мојата намера беше чесна и искрена, немав никакви лукративни примери, јас не се борев за себе туку за партијата да покаже што може да направи. Најверојатно за Максим уште во првиот круг има потрошено 9000-10.000 илјади гласови на ВМРО-ДПМНЕ, за 3-4.000 за Оливер.“

Слични содржини