Димитриевски: Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат

од Milan1

Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат, истакна Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски од  Пелинце, каде што од оваа партија беше организиран пикник.

– Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека целта на неговата партија ќе биде обединување на сите граѓани.

Слични содржини