Димитров: 287 македонски граѓани се вратија од Загреб и Малта

од Ивана Рамаданова

Вкупно 287 македонски граѓани денеска се вратија во државата со помош на Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Генералниот секретаријат, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Според него, 169 од нив се вратија од Загреб, а 118 од Малта.

„Посветеноста на колегите во МНР, Министерството за здравство и Генералниот секретаријат, денес резултираше со вратени 287 македонски граѓани во татковината: 169 од Загреб и 118 од Малта, со ✈️ @wizzair која имаше најниска понуда.

Луѓето, наши сограѓани, се привремено сместени во државен карантин заради превентивна заштита на здравјето на сите.

Добредојдовте дома, ви посакуваме добро здравје на сите!“, напиша на својот фејсбук профил, министерот Димитров.

Слични содржини