Димитров: Замислете колку сум “молчел” зад завеси…(ФОТО)

од Берта Китинска

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров на својот Фејсбук објави колаж на наслови за кои вели дека се доказ за тоа дека не молчел зад заевсите во однос на преговорите меѓу Македонија и Бугарија.

-Колаж со наслов – Како “молчев”? Потценувањето на јавноста и играта на картата дека граѓаните помнат како златни рипки се застрашувачки за една демократија. Пет минути на интернет се доволни за да се види “молкот” во јавноста. Замислете колку сум “молчел” зад завеси…Сакам да ги разбијам и затворам тие тези.Веќе нема да коментирам лични напади врз мене. Како вели Сократ – кога ќе ја изгубат дебатата, навредите се алатка на губитниците.Преважно е ова прашање за да дозволиме дефокус и манипулација,пишува Димитров.

Слични содржини