Димовски: Се чувствуваме изманипулирани и излажани, штрајкот може да стане Дамоклов меч за политичарите

од Берта Китинска

Се чувствуваме излажано и изманипулирано, кажа денеска на штрајкот пред Собрание првиот синдикалец, Дарко Димовски.

Тој ги повика пратениците и министрите да придонесат за усвојување на потребниот амандман со кој ќе се овозможи линеарно зголемување на платата на работниците за 2 806 денари.

-Ги повикувам народните избраници од сите политички партии, да дојдат денеска, да ја дадат поддршката. Не на ССМ, туку на работникот, преку прифаќање на амандманот од 2 806 денари, веднаш и сега. Ако и ова не се случи штрајкот кој се одвива во моментов, им е Дамоклов меч на сите јавни функционери и политичари .Оние кои нема да го поддржат нашиот предлог, наше право же биде од нив да побараме оставк, кажа Димовски.

Првиот синдикалец псочи дека и директорите кои го спречувале штрајкот ќе бида јавно објавени.

Слични содржини