Директорот на БЈБ ќе го решава хаосот на Чулев по укинувањето на наредбите на Спасовски

од Aleksandar Todeski

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски ќе го решава безредието во Министерството за внатрешни работи по телеграмата на техничкиот министер Наќе Чулев со која известува дека престануваат да важат прераспределбите на неговиот претходник и актуелен премиер, Оливер Спасовски.

Ова било договорено на денешниот состанок на Чулев со дополнителнат заменик министерка, Славјанка Петровска, директорот на БЈБ, Тасевски и неговиот заменик, Бесир Деари, а откако утрово во претседателската вила освен редовното обезбедување на Стево Пендаровски, се појавило и обезбедувањето кое му служеше на експретседателот Ѓорге Иванов.

„Во однос на телеграмата со која се известуваат раководителите на организациските единици со која издадените наредбите престануваат да важат, завземен е заеднички став да се презамат активности од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност кои активности се во тек , a со кои во сите организациски единици каде има потреба да се распоредат работниците со решенија. Наредбите за извршување на итни, неодложни и специфични задачи да бидат согласно член 154 став 1, а во врска став 2 и став 4 од Законот за внатрешни работи во траење од најмногу 30 дена“, соопштија од МВР по средбата.

Инаку освен со обезбедувањето на Пендаровски, по одлуката на Чулев се јавија и низа други проблеми. Иако треба да има зголемено обезбедување на амбасадите на Албанија и Турција, се појавил недостаток на луѓе, а истото се случило и во резиденцијата на амбасадорот на Европската Унија. Со помалку луѓе, како што велат извори на Локално од МВР, останале и граничните премини со Србија и Косово, Долно Блаце и Јажинце.

А.Т.

Слични содржини