Директорот на очната клиника преку Фејсбук бара да биде разрешен: По препорака од неговата партија Aлијанса на Aлбанците

од desk4
643 прегледи

Беким Tатеши, директорот на очната клиника во Kлиничкиот центар „Mајка Tереза“ од новиот министер за здравство побара да биде разрешен од директорското место.

Причината за ова, според барањето на Tатеши, е „новонастанатата состојба во владината коалиција“.

Tатеши барањето за разрешување испратено до министерот Венко Филипче го објави денеска на својот фејсбук-профил.

„Заради новонастанатата состојба во владината коалиција и според препораките на централното собрание на Алијансата за Албанците, партија на која и припаѓам, Ве молам да ме разрешите од функцијата вршител на должност директор на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје, најскоро што е можно“, пишува во барањето потпишано на Беким Татеши.