Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го даде своето мислење за минатонеделниот судир во Белата куќа помеѓу претседателот Доналд Трамп и Володимир Зеленски, велејќи дека сè започнало кога неговиот одговор на новинарско прашање „го разгоре“ украинскиот лидер.
За време на состанокот во Овалната соба, поранешниот сенатор од Охајо му ја објасни на Зеленски важноста на дипломатијата за ставање крај на војната што ја води против Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски праша со неверување: „За каква дипломатија, Џ.Д., зборуваш? Што сакаш да кажеш?“
„Зборувам за вид на дипломатија што ќе стави крај на уништувањето на вашата земја“, одговори Венс. „Мислам дека е непочитување што доаѓате во Овалната соба и се обидувате да разговарате за ова пред американските медиуми… Треба да му се заблагодарите на претседателот што се обиде да стави крај на овој конфликт“. објаснува Венс.
Венс во изјава за Фокс њуз, изјавил дека се обидел да ја смири ситуацијата и се побарал да разговара приватно со Зеленски, но бил одбиен, и како што Венс изјави од страна на Зеленски било барано да се разговара пред целата американска јавност бидејќи сметал дека така светската јавност ќе ја види реалната слика за Украина, што според Венс било главна прилина за неуспешната средба,
Трамп и Зеленски се впуштија во тензична и невидена расправија во која американскиот претседател тврдеше дека украинскиот лидер „се коцка со Третата светска војна“, напоменил во изјавата Венс, дополнуваќи дека договорот за минерали којшто требало да го потпишат двајцата лидери пропаднал откако од Зеленски било побарано да ја напушти Белата куќа.