Џафери од Селце: Секое дете заслужува достојни услови за учење

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири го означија почетокот на изградбата на основното општинско училиште „Рилиндја” во село Селце во Тетово. Тој порача дека новата училишна зграда ќе биде со вкупна површина од 2.400 квадратни метри, поделена на два ката. Проектирани се девет училници од по 24 ученици, една училница за деца од предшколска возраст, два кабинети за извршување на научно-наставна програма како и една училница за информатички науки.

Проектот ќе чини 100.000.000 денари и градбата се очекува да биде завршена до 2025 година.

-Секое дете заслужува достојни услови за учење, без разлика дали живее во село или во град. Затоа постојано инвестираме во современи училишта и квалитетен наставно-образовен процес.

Влогот во образованието е влог во иднината на државата, затоа што без образовани генерации, ниту едно општество нема да има напредок, истакна техничкиот премиер.

Слични содржини