Џеј-Ди Венс требаше да биде потпретседател на Соединетите држави, кој генерално нема значајна улога во надворешната политика. Сепак, неговата клучна улога во конфронтацијата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски каде што делуваше како комбинација на заштитник на Трамп и технократски политичар може да го одбележи моментот на можен распадна на сојуз меѓу Европа и Америка, пишува Гардијан.
Трамп и Венс заедно го предизвикаа Зеленски на конфронтација во Овалната соба. Но, Венс беше тој кој прв го „прободе ножот“, предизвикувајќи го украинскиот претседател со обвинувања дека водел „пропагандни тури“ за уништувањето предизвикано од руската инвазија.
„Мислам дека е непочитување да се дојде во Овалната соба и да се обиде да разговара за ова пред американските медиуми“, рече Венс со повишен глас. „Вие ги носите луѓето на пропагандна турнеја, господине претседателе. Дали мислите дека е почит да дојдете во Овалната соба на Соединетите Држави и да ја нападнете администрацијата која се обидува да го спречи уништувањето на вашата земја” констатира Венс.
„За време на војната сите имаат проблеми“, одговори Зеленски. Но, вие го имате океанот и сега не го чувствувате тоа“. Ќе го почувствувате тоа во иднина“.
„Ти не го знаеш тоа“, налутено му возврати Трамп. „Ти не го знаеш тоа. „Не ни кажувајте што да чувствуваме” дополни Трамп.
Остатокот, како што подоцна го нарече Трамп, беше „одличен популизам“. Сепак, ова е планирана катастрофа за Украина. Ова беше втора голема интервенција на Венс овој месец. Неговиот евроскептичен светоглед дојде до израз во Минхен, каде на европски лидери им порача дека ја задушуваат слободата на говорот и ги обвини дека се плашат од сопствените гласачи.
За шефицата за европска надворешна политика Каја Калас говорот на Венс беше окарактеризиран како провокација со која Венс се обидува да предизвика конфликт, што според експертите било стратегија на Венс со која сака да го нагласи своето влијание во надворешна политика истакнувајќи го скептичен став кон Киев како иден сојузник.
Од друга страна, европските претставници сметаат дека тимот на Трамп покажа дека САД сега отворено застануваат на страната на Владимир Путин во војната.
„Сега е време да останеме смирени, но не да продолжиме како порано“, смета Камил Гран, висок аналитичар во Европскиот совет за надворешни односи и поранешен помошник генерален секретар на НАТО за одбранбени инвестиции.
„Американски сојузник сега официјално одлучи да заземе позиција што не е во согласност со нашите традиционални заеднички интереси и вредности. Ова може да биде привремено или трајно, но ќе има длабоки и долготрајни последици“ дополнува Гран.
Според експертите, има нешто во Вашингтон што многумина го разбираат, но малкумина го кажуваат гласно: администрацијата на Трамп бара изговор да ги уништи односите со Украина, а координираните изјави по Овалната соба изгледаат чудно координирани и однапред смислени.
„Ова беше катастрофа која е однапред смислена“, смета Сем Грин, професор по руска политика на Кралскиот колеџ во Лондон. „Тивките разговори од Минхен беа за подготовка на теренот за украински колапс. Ако не е возможна вистинска зделка, некој ќе мора да ја преземе вината – а тоа веројатно ќе бидат Украинците, нели” завршува Грин.
Какви ќе бидат последиците по Украина, вооедно и Европската Унија, и какви санкции ќе спроведе САД и дали ќе има целосна ескалација на односите ќе се знае за скоро, но според експертите, ситуацијата е загрижувачка и потребни се итни мерки со кои ќе се спречат понатамошни несакани ефекти врз светот.