Џена Џејмсон се венча со жена: „Бев со мажи само поради една причина“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната порно актерка Џена Џејмсон (49) се омажи за својата девојка Џеси Лолес во Лас Вегас.

Парот се венчаше во мај, а ексклузивни фотографии му продаде на магазинот People.
Џена го промени своето презиме во Џејмсон Лолес на социјалните мрежи.

– Се венчавме! Те сакам многу, Џеси Лолес – напишала Џена покрај свадбената фотографија.

– Ја најдов личноста со која навистина требаше секогаш да бидам. Размислував зошто излегував или се венчав со мажи. Себично и лошо е да се каже, но мислам дека мојата движечка сила беа децата. А сега кога навистина се пронајдов себеси, едноставно прифаќам се што чувствувам во себе и не туркам се во вода – искрено признала Џена во интервјуто.

Џена зад себе има два брака, но со мажи. Првиот траеше од 1996 до 2001 година со порно актерот Бред Армстронг, а вториот од 2003 до 2007 година исто така со порно актерот Џеј Грдин. Таа имаше близнаци со нејзиниот поранешен партнер, борецот на УФЦ Тито Ортиз, а во 2017 година ја роди ќерката Бател Лу. Нејзиниот татко е нејзиниот поранешен вереник – Лиор Битон.

Тој беше нејзиниот најголем поддржувач откако таа откри дека има Гилен-Баре синдром, ретко невролошко нарушување во кое имунолошкиот систем ги оштетува нервите, што може да доведе до вкочанетост на мускулите, па дури и парализа. Џена извесно време не можела да оди, а поради насобраната тежина морала да држи диета. Нејзиното лице беше искривено од бројни операции.

Џена е позната по бизнисот со филмови за возрасни, во кој влезе во 1993 година и почна да заработува сериозни пари. Пред да влезе во индустријата 18+, таа работеше како стриптизета. Работела и како модел на „WebCam“ и во кариерата заработила милиони долари, додека нејзиниот животен пат воопшто не бил лесен.

На 16 години била жртва на групно силување, а тврди и дека ја силувал вујкото на нејзиното поранешно момче, кој ја натерал да почне да снима филмови за возрасни откако тој ја изневерил.

Џена долго време била зависна од алкохол и дрога, па нејзините обожаватели се надеваат дека сега ја чекаат само добри работи.

Слични содржини