Дојави за бомби во пет основни училишта во Гази Баба

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук информираше дека попладнево во пет основни училишта се стигнати дојави за
поставени бомби

„Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби. Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно.

Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.

Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави“, сподели Стефкоски.

Слични содржини