До кога може да се употребува брашното? Овие знаци покажуваат дека е расипано

од Берта Китинска
325 прегледи

Ако имате брашно кое стоело подолго време, прво проверете дали е добро за употреба.

Имено, брашното е доста чувствително поради природните масла во житарките, јаткастите плодови или скробот што ги содржи, пишува Reader’s Digest.

Рокот на траење делумно зависи од количината на маснотии во тие масла, така што колку повеќе маснотии има, толку побрзо ќе се расипат. На пример, преработеното бело брашно содржи 1,81 отсто масти, додека брашното од цели зрна содржи 3,63 отсто.

Како да препознаете расипано брашно?

Расипаното брашно има непријатен и изразито кисел мирис и мувла. Ако видите знаци на мувла, брашното треба да се фрли бидејќи тоа е сигурен знак дека било изложено на влага.

Исто така, брашното може да ја промени бојата. Ако видите жолтеникава нијанса на брашното, тоа е знак дека маслото се расипало.

Брашното за сите намени и другите рафинирани бели брашна треба да бидат светло бело, брашното од цело зрно е песочно кафеаво, а брашното од бадем е нечисто бело.

Веднаш фрлете го брашното доколку содржи инсекти како молци и ларви. Но, прво замрзнете го брашното за да умрат инсектите и на тој начин да ги спречите штетниците да ги нападнат кантите за ѓубре.

Кој е датумот на истекување?

Времетраењето на брашното зависи од видот и начинот на складирање. Под помалку од идеални услови, отвореното брашно може да трае три до осум месеци, а тоа важи за рафинирано бело брашно.

Но, ако брашното го ставите во херметички сад и го чувате на ладно место, подалеку од светлина, може да трае неколку години. Сепак, тоа зависи од видот на брашното, така што брашното без јаткасти плодови и глутен трае до шест месеци.

Како правилно да го чувате брашното?

Отворената вреќа брашно треба да се стави во херметички затворен сад на место каде што нема светлина или влага. Овие елементи можат брзо да го разградат брашното, кое потоа се расипува.

Брашното можете да го чувате и во фрижидер доколку не го користите често. Ставете го во пластична кеса за складирање или контејнер, кој е направен од пластика или силикон. Се препорачува брашното да не се чува во ментален сад бидејќи може да добие ментален вкус.

Слични содржини