139
Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конфенреција информираше дека заклучно со вчера се направени 1.800 тестирања преку Институтот за јавно здравје.

Коронавирус
„Заклучно со вчера се направени 1.800 тестови. Во однос на заболен судија од Кривичниот суд, немам информација, но каде и да има заболен, во која институцја, сигурно се котнактирани од епидемиолозите“, рече Филипче.
Тој посочи дека нема потреба да одат граѓантие на тестирање сами, туку дека стручно мислење на епидемиолозите е дали некој треба или не да се тестира.
„Вкупната бројка е 1.800 тестирања, во однос на другите тестови кажаа стручно мислење лицата од Институот за јавно здравје“, истакна министерот Филипче.