Судот во рускиот град Омск му додел отштета на маж во износ од илјада рубљи откако таканаречените руски „врачари“, односно агенција за пророчки услуги не успеала со своите прорекувања да му ја врати избеганата сопруга…

Руските медиуми, врз основа на увидот во судските документи, ги објавиле неговите иницијали. Човекот бил очаен бидејќи сопругата го напуштила во август, 2017 година, пренесе британската „Би-би-си“.
Но тогаш видел телевизиска реклама која му дала надеж. Во неа, меѓу останатото, се велело: „Вратете си ја сопругата, или саканата жена.“
На гледачите им се ветувало и отфрлање различни клетви. Но, работите не пошле во насоката во која што очекувал споменатиот господин.
Како што наведува дневниот весник Росискаја Газета, разочараниот господин потпишал договор агенцијата „Шесто сетило“ и платил околу 3.500 евра на име на „услуги за видовитост и претскажување на судбината, како и астролошки и духовни активности“. Меѓутоа, сопругата не му се вратила, па поднел тужба против агенцијата.
Судот во Омск не можел да пронајде докази дали агенцијата за пророчки услуги пружила каква било услуга од оние наведени во договорот, поради што на оштетениот морала да му плати 5600 евра.
Инаку во Русија во моментот цвета пазарот на агенции кои нудат услуги во врска со „љубовни магии“. Во текстот од сајтот „Рамблер њуз“, еден од најпопуларните руски информативни портали, како причина за тоа се наведува големиот број телевизиски емисии со гости кои тврдат дека имаат натприродни моќи.
Една од нив дури тврдела дека е петта генерација врачеви од Скандинавија. И не само тоа. Дури им нудела и наводни магиски моќи на политичари да им помогне да стасаат до место во руската Дума. Тоа секако би ги чинело само нешто ситно, милион долари од место.