Добри вести за фановите на Милан: Ибра по 5 месеци во првиот тим

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го започне натпреварот против Болоња и првпат по пет месеци ќе биде во првиот тим.

Како што објави денеска „Газета дело Спорт“, тренерот Стефано Пиоли најверојатно ќе го стави Ибрахимовиќ во првиот тим за натпреварот в сабота од 20:45 часот во Болоња.

Шведскиот напаѓач последен пат беше стартер на 5 мај, на натпреварот против Јувентус (3:0).

Тој го повреди коленото за време на тој натпревар, поради што го пропушти Европското првенство и неколку натпревари на почетокот на сезоната.

Сезонава Ибрахимовиќ одигра вкупно три натпревари во сите натпреварувања. На секој меч влегуваше од клупа, а на „Сан Сиро“ постигна гол против Лацио, во победата од 2-0.

Тој во вторникот одигра 32 минути против Порто (0:1) во Лигата на шампионите, кога го замени Оливие Жиру во вториот дел.

По осум кола во Серија А, Милан е втор на табелата со 22 бода, два помалку од водечкиот Наполи.

Болоња е осма со 12 бода.

Слични содржини