Претседателот на Република Српска Милорад Додик на граничниот премин кон Србија „Босанска Градишка“, денеска радоста за раѓањето на својот внук ја сподели со граничарите.

Неговиот син Игор и снаата Ивана добија син, а претседателот по шести пат стана дедо.
Тој се радуваше со звуците на хармоника, дури и запеа, а се почасти со ракија.
Неговата ќерка Горица има четири деца, а за синот Игор ова е второ дете.