Додик сериозно размислува да донесе одлука за независност на Република Српска

од Nikola Popovski

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека на средба во Белград го информирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ за внатрешните проблеми на БиХ и обидите за демонтирање на уставната позиција на Република Српска.

„Ангажманот на дел од меѓународната заедница и политичкот Сараево води кон деградација и уште поусловена уставна позиција на Република Српска. Дојдовме до момент кога не можеме да го одложиме ова прашање и нашата одбрана, како реакција на сето ова е дека најсериозно размислуваме да донесеме одлука за независност и отцепување на Република Српска“, посочи лДодик.

Тој нагласил дека Република Српска не бара ништо освен она што е веќе решено со Дејтонскиот договор и Уставот на БиХ, пренесува РТРС.

Додик повторил дека Република Српска се залага за неутралност, следејќи ја позицијата на Србија.

„Соработката со НАТО е можна, но ние ја прекинавме сега додека не ја дефинираме позицијата, но членството не доаѓа предвид“, рекол Додик.

Во Белград се одржа средба меѓу претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Слични содржини