Додик: Според Дејтон, Република Српска не и припаѓа на БиХ

од desk3
87 прегледи

Претседателот на Партијата на независните социјалдемократи Милорад Додик денеска изјави дека Судот на БИХ не може да одлучува за имотот на Реублика Српска и оти во Дејтонскиот мировен договор никаде не пишува дека таа припаѓа на Босна и Херцеговина.На свечената академија по повод 20 години од основањето на партијата тој кажа дека РС е држава.

images (1)

” Бараме од сите РС да се слави како држава, да бидеме припадници на својот народ, да се уважуваме, да ги спречиме старнците да ни ја наметнуваат својата воља”, рече тој.

Додик исто така наведе дека главна цел е борба пртив наметнување на политичко Сараево и оти нема да се дозволи да се одземаат надлежностите на РС. Тој тврди дека во БИХ живее сурогат кој се нарекува правда.