Дојави за бомби во регионот: До Владата на Црна Гора пристигнале заканувачки дојави за напади во 24 училишта

По Босна и Херцеговина и Хрватска, и Црна Гора се соочува со дојави за бомби во основните и средните училишта

од Кристијан Димков
14 прегледи Фото: Uprava policije Crne Gore

На електронските адреси на Владата на Црна Гора, полицијата, Агенцијата за национална безбедност и повеќе медиуми во соседството на БиХ, во среда, на 22 април, пристигнала закана за наводни бомбашки напади во 24 училишта, заедно со фотографија од автоматско оружје.

Испраќачот не навел во кои училишта наводно се поставени експлозивните направи, пренесуваат црногорски „Вијести“. Навел само дека станува збор за основни и средни училишта.

Една од заканите пристигнала и на адресата на основно училиште во центарот на Подгорица.

Учениците од првата смена биле испратени дома.