Доктор Хилари: Коронавирусот не ви може ништо ако се придржувате до овие 8 клучни чекори!

од Aleksandar Petrovski

Останувањето дома е првиот чекор во заштитата и можеби најважниот. Сепак, тоа не е доволно. Постојат истражувања кои велат дека е можно да се заразите и во самоизолација. Ако повеќе членови живеат во иста куќа, многу е важно да се следат следниве правила.

Д-р Хилари од Велика Британија открива кои се клучните чекори за заштита од вирусот корона. Ако ги следите сите совети, го намалувате ризикот од заболување на минимум.

-Користете личен прибор за јадење. Секој треба да има своја чаша, нож, вилушка, чинија што нема да ја сподели со другите членови. Садовите измијте ги само со топла вода, и најдобро е да се користи машината за миење садови, бидејќи вирусите ќе бидат уништени.

-Чистењето на сите површини со средството за дезинфекција што ги допирате е задолжително и ако е можно повеќе пати на ден или секој пат кога ќе влезете во куќата.

-Измијте ги крпите и постелнините на температура од најмалку 60 степени. Само тогаш ќе бидете сигурни дека вирусите ги нема.

-За да се запре ширењето на вирусот, исто така е неопходно да се користат лични крпи.

-Фрлајте го ѓубрето што е можно почесто, бидејќи вирусите можат да се задржат во отпадот и до неколку часа.

-Исто така, тргнете ги чевлите и облеката што сте ги носеле додека одите во продавница или аптека и исперете ги што е можно поскоро.

-Проветрувајте ги просториите неколку пати на ден.

За да ви ја олесни оваа ситуација, лекарот препорачува да бидете во контакт со вашите најблиски по телефон што е можно почесто. „Поддршката е најголема сега, таа навистина може да ја зајакне нашата психа и да ни помогне да ја надминеме оваа незгодна ситуација“, вели тој.

Слични содржини