Гостувајќи во утринската програма на Пинк, пулмологот Бранимир Несторовиќ рече дека нема веќе никаква цел да се ограничуваат луѓето заради 10 пациенти кои имаат пневмонија. Како што изјави тој, сè се враќа во нормала, „повторно имаме убиства, насилство…“.

– Нема смисла дополнително да се ограничуваат луѓето, мислам дека сега би било невозможно, тоа е мое лично мислење. Мислам дека би била побуна ако повторно започнуваме да ги заклучуваме луѓето. Луѓето ментално поминале низ оваа епидемија, повеќето луѓе. Гледате вести, убиства се случуваат сега како во старите добри времиња. Сега ќе започнат убиства, насилство, грабежи на банки. Се вративме во нормала. Луѓето веќе нема да слушаат за тоа, тоа е нормален механизам – рече Несторовиќ.
Како што додаде Несторовиќ, Србија, но и цела Европа, излегува од епидемијата на вирусот корона, а сега ќе се појават само спорадични џепови на инфекција. Како што истакна тој, веројатно така ќе биде до почетокот на јули.
Вирусот, како што вели, сега е слаб и од 66 ново заразени, само една или две имаат пневмонија, додека во екот на епидемијата, 20 или 30 од секои 100 заразени имале пневмонија.
– Многу луѓе се тестираат, а мал број се заразени. И оние што се позитивни не се разболуваат, немаат изразена клиничка слика. Не можеме да ја затвориме земјата и да ја уништиме економијата заради десетина пациенти кои имаат пневмонија. Имаме тестови, ги лекуваме – изјави тој и додаде дека полека се враќаме во нормала.