Докторот на Трамп: Состојбата му е видно подобрена

од Vladimir Zorba

Лекарот на американскиот претседател Доналд Трамп изјави за локалните медиуми дека е задоволен од здравствената состојба на Трамп.

Зборувајќи за американските медиуми, д-р Шон Конли изјави дека Трамп имал сува кашлица и се чувствува слаб, но дека неговата состојба видливо се подобрува.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп беше префрлен во воена болница на неколку дена, откако вчера беше утврдено дека тој е позитивен на коронавирус.

Тој се наоѓа во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид, во Бетесда, Мериленд, каде ќе престојува неколку дена по совет на лекар, пренесе Скај Њуз.

„Поради претпазливост и по препорака на лекари и медицински експерти, претседателот ќе работи од „Волтер Рид“ во следните неколку дена“, се вели во соопштението на Белата куќа.

На Трамп му беше препишана терапија со регенерон, коктел од поликлонални антитела во кој има цинк и витамини. Според извор близок до Белата куќа, претседателот на Соединетите Американски Држави имал зголемена температура од утрово.

Слични содржини