Документарец со никогаш видени снимки од Витни Хјустон (Видео)

од desk2
88 прегледи

 

Најновиот документарен филм на наградениот со Оскар режисер Кевин Мекдоналд, повторно сосема заслужено ќе го актуелизира животот и успехот на славната пејачка Витни Хјустон, која почина на 11 февруари 2012 година.

Нив новиот филм Мекдоналд раскажува за животот и кариерата на оваа славна пејачка, а по прв пат ќе бидат прикажани невидени снимки од неа, како и акапела изведа на некои од нејзините најголеми хитови.

Благодарение на фондацијата Хјустон ќе бидат прикажани и приватни снимки од Витни.

Документарецот наречен едноставно „Витни“ ќе покажат каква била таа на сцената и како била ранлива во приватниот живот.

„Луѓето често мислат дека е лесно, но не е“ е една од нејзините изјави во документарецот, кој премиерно ќе биде прикажан на 6 мај годинава.

https://www.youtube.com/watch?v=-Oy0Zl6sxxU