Доларот и биткоинот „се радуваат“: Клучни точки од економската програма на Трамп

од Vladimir Zorba
21 прегледи

По бурната и неизвесна ноќ, прелиминарните резултати од американските избори покажуваат дека Доналд Трамп е новиот американски претседател.

Што ова дефинитивно ќе донесе за најсилната светска економија останува да видиме, но пазарот на биткоин веќе реагираше позитивно на оваа вест, како и доларот.

Биткоинот ја достигна највисоката вредност во својата историја на изборната ноќ во САД, по првите најави за победата на Доналд Трамп, кој на почетокот на оваа година целосно ги прифати криптовалутите, за разлика од администрацијата на Бајден.

Најпознатата криптовалута достигна вредност од 75.000 долари, повеќе од мартовскиот рекорд од 73.000 зелени банкноти. Позитивно реагираа и криптовалутите Ethereum и Solana.

Доларот го достигна највисокото ниво во последните две години, а пораснаа и приносите на американските обврзници.

Стратешката програма на Доналд Трамп вклучува:

* продолжување на даночните олеснувања за физички лица и фирми воведени во 2017 година

* дополнителни намалувања на корпоративниот данок од 21% на 20% и на 15% за компаниите што произведуваат во САД

* стимулирање на производството на традиционални извори на енергија со цел намалување на цените

* елиминација на даноците за бакшиш, прекувремена работа, социјални надоместоци

* дерегулација, што значи олеснување на бизнисот за компаниите, банките, зголемување на активностите за спојување и друго

* универзални тарифи од 10%

* 60% тарифа насочени кон Кина

* Нема да се простуваат студентски кредити поради оние кои веќе ги подмириле и дека тоа би паднало на товар на даночните обврзници

Слични содржини