Домагој Вида кога не игра фудбал одгледува свињи

од desk2
122 прегледи

 

По успехот на светското првенство во фудбал во Русија, производството на фудбалерот Домагој Вида цвета.

Како и други негови колеги, хрватскиот фудбалер Домагој Вида не се занимава само со фудбал. Тој пред четири години во Славонија, со четворица невработени пријатели отворил живинарска фарма за одгледување црни свињи.

По прославата за освоеното второ место на Мундијалот Вида заминал за Славонија каде со пријатели одгледува свињи и сам ги нахранил животинчињата.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1580283058765110&id=647388672054558

Пред четири години низ муабет, бидејќи биле невработени, дошле на идеја да одгледуваат свињи. Се одлучиле за автохтоната црна свиња и бизнисот тргнал. Неговите пријатели велат дека помага многу во водењето за бизнисот, бидејќи покрај фармата имаат и неколку хектари земја на која одгледуваат храна за животните.

Вида повеќе работел на фармата кога играл за Динамо од Киев, затоа што зимскиот период имал повеќе одмор, па помагал на фармата, а сега со Бешикташ, има помалку време, но колењето не го пропушта.

Неговите пријатели се задоволни и од тоа што тој маркетиншки им помага, па така целото производство успеваат да го продадат само од објави на инстаграм и на твитер.

https://www.facebook.com/647388672054558/photos/a.657338704392888.1073741831.647388672054558/657337467726345/?type=3

Произведуват околу 200 свињи, а планираат да купат трактор за обработка на замејата.

Фирмата веројатно не би опстанала без финансиската поддршка на Вида, но тој многу им помага и во промоцијата. Велат има еден човек од Виена кој за цела година со сувомеснати производи се снабдува кај нив.