Иако шпекулациите за развод на Доналд и Меланија Трамп често се тема на медиумите, последниот говор на американскиот претседател предизвика сомнеж дека тоа може да се случи.

Американскиот претседател Доналд Трамп се појави на гала вечера во клубот „Гридирон“ во Вашингтон, каде се собраа многу влијателни луше од светот на медиумите и политиката.
Тој бил поприлично расположен, па се шегувал, а многу од присутните гости ги остави во ребус. Сепак, многумина заинтригира пораката која ја прати, а која се однесува на неговиот тим и на првата дама.
„Толку луѓе заминуваат од Белата куќа. Постојано е возбудливо и прометно. Јас сакам хаос. Навистина е добар. „Прашањето кое сите постојано ми го поставуваат е `Кој е следниот што ќе замине: Стив Милер или Меланија?“, пренесе CNN.
Со оглед на тоа дека оваа брачна двојка помина многу турбуленции, забелешката на Трамп ги остави сите присутни затекнати, а многумина се запрашаа дали меѓу нив е се во ред.
Да потсетиме, нивниот брак најмногу беше разнишан по сескс-скандалот со порно ѕвездата Сторми Даниелс која во 2011 година во интервју за Интач ја призна аферата.