Донатела Версаче и нејзината ќерка Алегра на миланската болница San Raffaele ѝ донирале 200.000 евра за да придонесат во борба против коронавирусот.
Креативната директорка на модната куќа Версаче, Донатела (67) и нејзината ќерка Алегра (33) парите ги донираат на Одделот за интезивна нега, кој помага на голем број од пациентите кои се лекуваат од коронавирусот.
„Во вакви моменти важни се заедништвото и потпората. Но потребно е да им се помогне и сите оние кои се на првата борбена линија на болеста и секојдневно се трудат да спасат стотини животи“, рекла модната дизајнерка, а пренесува Harper’s Bazaar.
„Поради тоа јас и Алегра одлучивме да донираме пари на Одделот за интезивна нега на болницата Сан Рафаеле во Милано. Нашите срца и мисли се со сите богодени од болеста, со сите доктори и медицински персонал кои последниве недели непрекинато и несебично работат, настојувајќи да направат што е можно повеќе за нашите најмили.
Ова е време во кое како општество мораме да бидеме обединети и да се грижиме едни за други“, напишала Донатела.
Италија е втора најпогодена земја од пандемијата со коронавирусто, веднаш зад Кина. Ширењето на болеста за сега не покажува знаци за успорување.