Дописник на ББС кој го следи кралското семејество: „Постојат гласини дека Елизабета има рак“

од Nikola Popovski

Има гласини дека кралицата има рак, изјави Николас Вичел, дописник на Би-Би-Си кој го следи кралското семејство.

Сепак, според Гардијан, овие шпекулации не се официјално потврдени.

За потсетување, денеска беше објавено дека кралицата Елизабета (96) е под постојан медицински надзор во замокот Балморал.

Здравјето на кралицата е загрижувачко, соопшти Бакингемската палата.

Покрај британската кралица се сите нејзини деца

Сите четири деца на британската кралица Елизабета Втора отпатувале во замокот Балморал во Шкотска за да бидат со кралицата, бидејќи лекарите денеска изразиле загриженост за нејзиното здравје и препорачале да остане под медицински надзор, јавува британската телевизија ITV.

Принцот Чарлс со својот син принцот Вилијам, принцезата Ана, принцот Едвард и принцот Ендру пристигнаа во Балморал, пренесува Ројтерс.

Принцот од Велс отпатува во Балморал со неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, изјави портпаролот на неговата кралска резиденција, Кларенс Хаус.

Палатата Кенсингтон потврди дека и принцот Вилијам отпатувал во Балморал.

Бакингемската палата претходно соопшти дека лекарите се загрижени за здравјето на кралицата и препорачале таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал во Шкотска.

Фото: Profimedia

Слични содржини