Досега се попишани над 711 илјади граѓани

од Nikola Popovski

Од Државниот завод за статистика денеска информираат дека досега се попишале 711.418 лица.

-Покрај тоа, вкупно се попишани и 221.268 домаќинства и 297.085 станови, заклучно со 20 часот вчера, велат од ДЗС.

Пописот започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Процесот се одржува насекаде и нема посебен распоред на урбани или рурални средини, информираше денеска директорот Апостол Симовски.

Според него, веб-страницата на ДЗС е постојана цел на хакерски напади, но таа нема врска со делот на попишување.

Слични содржини