ДРАМА КАЈ НИШ: Жена влегла во куќата, а сопругот ѝ рекол дека ќе се разнесе со бомба

од Stefanija Kuzmanovska

Бомба била пронајдена во дворот на семејната куќа Стевиќ во Доњи Комрен кај Ниш. Била извлечена со намера да се убие сопственикот на куќата, Слободан.

Според неговата сопруга Билјана Стевиќ, Сободан е инвалид и тоа може да биде причина што сакал да крене рака на себе.

– Дојдов дома и тој ми рече да излезам, дека има бомба и дека сака да се самоубие. Слободан е инвалид, можеби затоа сакаше да се самоубие – рекла жената, пренесува „Новости“.

Според „Телеграф“, во тоа време Билјана и нивната снаа биле во куќата.

– Во куќата бевме само снаата и јас. Синот беше на работа. Се исплашив, повикав полиција. Дојдоа ѝ му ја одземаа бомбата и ја фрлија во дворот. Не знам од каде му е оружјето. Мојот сопруг сега е сам во куќата – рече Билјана.

Слични содржини