Државата одговорна за пропустите, дополнителни милионски суми за корекции и за доизградба на делниците

од Vladimir Zorba

За најмалку една година ќе се пролонгира рокот изградба за автопатот Миладиновци-Штип. Старата влада  добила предлог од надзорот за продолжување на рокот за изградба, потврдува екс министерот за транспорт  Владо Мисајловски. Но, во договорот не се барале  дополнителни средства, информира ТВ21.

Oдговори со СМС порака Мисајловски, откако лавина од реакции  се појавија во јавноста по објавите на  дел од домашните и меѓународните медиуми дека старата влада се договорила со „Синохидро“, рокот за изградба да биде продолжен до мај 2018 година и дека сите одговорности паѓаат на грбот на Македонија.

Според информациите од медиумите, Кинезите веќе затропале на владината врата на илинденска каде го бараат анексот за Миладиновци –Штип . Во тој договор свој потпис имаат ставено двајца министри од претходната влада како и директор на Јавното претпријатие за патишта.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини