Пред нас е најдолгиот полициски час над 80 часа жителите во Македонија не смеат да ги напуштат своите домови поради мерката за воведување на полициски час.
На владина седница донесена е одлука за ограничувања на движењето за периодот што ни претстои, вклучително и велигденските празници.За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок, 17 април, во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движењето за сите граѓани.
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 до 5 часот наредниот ден.Дополнително, од четврток, 16 април, во 16 часот, до вторник, 21 април, до 5 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми во целата држава.
За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега е најкритичната фаза од епидемијата на корона вирусот и како што рече, цврсто останува на својот став дека празникот Велигден мора да се помине дома и без групирања.
-Граѓаните мора доследно треба да се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот. Влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смееме да дозволиме овој број дополнително да го оптовариме и да дадеме шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Обраќајќи се до граѓаните, порача дека оваа ситуација е многу сериозна и така треба да се свати од страна на сите.
Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје информира дека во текот на изминатиот викенд, нивите екипи собрале и транспортирале речиси 1000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на главниот град.
Поучени од минатонеделното искуство и увидувајќи дека отпадот во Скопје не можат да го соберат работејќи само прва смена, од ова јавно претпријатие известуваат дека ќе го вратат стариот начин на работа во три смени, секој ден и во текот на претстојните празници.
Од овие причини, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи да го собира и транспортира комуналниот отпад во градот Скопје со вообичаената динамика – во три смени, секој ден во неделата, а со оваа динамика екипите на ова претпријатие ќе работат и во текот на претстојниот празничен викенд.