ДС бара од пратениците да не гласаат за законите за автопатите на „Бехтел и Енка”

од Nikola Popovski

Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не гласаат за законите предложени од Владата во врска со изградбата на автопатските делници на Коридорите 8 и 10 д, за да спречиме криминал со огромни димензии.

Од партијата потсетуваат дека за злоупотребата на европското знаменце реагираше и Делегацијата на ЕУ во Скопје, што како што велат од ДС, негативно ќе се одрази на нашите евроинтеграции.

-Демократскиот сојуз алармира дека флагрантно кршење на начелото на владеењето на правото е прво да потпишете договор, а потоа врз основа на тој договор да ги менувате законите. Доколку пратениците гласаат, тогаш одговорноста паѓа врз нив, затоа што досега не го виделе договорот, а предупредени се дека договорот има коруптивни елементи, дека со решенијата во договорот можно е градбата на коридорите 8 и 10 д да поскапи и наместо 1,3 милијарди евра, да чини над 2 милијарди, пари кои треба да ги плаќаат граѓаните, велат од партијата на Павле Трајанов преку соопштение.

Слични содржини