ДС бара врвни професионалци да раководат со јавните претпријатија

од Nikola Popovski

Демократскиот сојуз (ДС) изразува загриженост околу назначувањето на, како што тврдат, поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.

-Сметаме дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет.

Ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија. Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција.
Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.

Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одрз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги.

Оваа пракса прави огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата, велат од партијата.

Зуљхајрат Демири, е нов генерален директор на Македонски Железници. Според опозицијата, тоа е „лице кое нема никаква стручност во оваа сфера туку има работено како келнер“.

Слични содржини