ДУИ: Бараме од ВМРО ДПМНЕ да прифати еднаквост во општеството

од Stefanija Kuzmanovska

Политичката партија ДУИ смета дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува еднаквоста во општеството да ја доживува како уцена.

„ВМРО ДПМНЕ за жал ги отфрла прогресивните идеи поради заробеноста во конзервативниот ум на замислената етничка доминација во заедничката држава. Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се надмине себеси, да прифати еднаквост во општеството, и истовремено да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради од поетските про-путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова“, се вели во соопштението на ДУИ.

Слични содржини