ДУИ ги повикува меѓународните сојузници да интервенираат поради исклучувањето на Албанците од командните структури на Армијата

од Даниел Ѓорѓиевски
52 прегледи

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска изрази длабока загриженост и индигација поради последните одлуки на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваат на промените во командните структури на Вооружените сили на Република Северна Македонија. Партијата смета дека овие дејствија не само што ги маргинализираат Албанците, туку и директно го загрозуваат интегритетот и безбедноста на одбранбените структури.

Од ДУИ посочуваат дека преместувањето на генералот Бесник Емини, кој беше на позицијата Командант на Командата за Операции, во административна позиција во Министерството за Одбрана, претставува сериозен удар врз улогата на Албанците во војската. Оваа позиција е клучна и опфаќа околу 80% од оперативните капацитети на војската, а нејзино ослабување може да ја ризикува националната безбедност, велат од ДУИ.

Именувањето на полковникот Лулзим Нуредини , според ДУИ, изгледа како обид за прикривање на неправдата. ДУИ смета дека додавањето на еден албански офицер во позиција со ограничено влијание не може да компензира исклучувањето на клучни воени раководители Албанци од критичните оперативни команди.

„Ова исклучување е суштински спротивно на основата на Мировниот договор од Охрид, кој е есенцијален за создавање на кохезивна и ефективна воена сила“, нагласуваат од ДУИ.

Во светло на овие настани, ДУИ ги повикува НАТО и нашите меѓународни сојузници да реагираат на ризичните дејствија и ја повикуваат Претседателката за итно поништување на указите, кои се сметаат за директен и сериозен удар врз мултиетничкиот карактер на државата.

Слични содржини