ДУИ избра нови претседатели на ограноци, „Огнените“ велат процесот е „фарса“

од Nikola Popovski

ДУИ вчера избра нови внатрепартиски претседатели во 14 ограноци, како и членови на раководството на локални совети во ограноците.

Избраните во 14 ограноци на ДУИ се следните: во Липково- Мирсад Ибраими, во Куманово-Ридван Асани, во Чаир-Беким Незири, во Бутел-Мухарем Асани, во Шутка-Илаз Лесковица, во Петровец-Насер Халити, во Јегуновце-Елдин Адеми, во Кичево-Ардита Дани, во Дебар-Артин Спахиу, во Крушево-Абиб Веџиу, во Битола-Лутфи Амето, во Пласница-Бајрам Карамалески, во Велес-Локман Салија и во Преспа-Арјан Муједини.

На новинарско прашања како го коментира соопштението на фракцијата во ДУИ, познати како „Огнена група“ во кое обвинуваат дека овие избори се наместени, Ахмети одговори дека изборниот процес во партијата е унапреден.

„Огнените“ ги прогласија изборите во ДУИ за нестатутарни и организирани со диктат.

-Процесот е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста, велат „Огнените“.

Изборите во ДУИ следуваат по речиси цела година внатрепартиска битка на сега веќе фракцијата на ДУИ, во која се дел од високите партиски структури од една страна, и Ахмети и Груби од друга страна.

Слични содржини