ДУИ како во турските серии- Дава потписи, сака Влада, ама не сака внатре…

од Vladimir Zorba

Гледајте ја и следната серија „Мала ама Велика Речица “ со најава на следниот прес на Османи и потоа вестите од штабот на ВМРО ДПМНЕ, веднаш по рекламниот блок на порталите.

ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за добивање мандат, ама тоа не значи дека ќе коалицира во новата влада, изјави синоќа портпаролот  на партијата Бујар Османи за време на централното претседателство на ДУИ.

Османи рече дека ДУИ ги дава потписите за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија.

– Сега само даваме подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите. Има аргументи за и против двете опции и не можам да кажам дали доминира едната или другата опција, но вечерва не очекувам да се донесе таква одлука.

Давањето на потписи не значи договор за влада, туку значи започнување на процес на преговори за влада, доколку одлучиме за опцијата партиципирање во влада, изјави Османи.

Претходно, од ДУИ посочија дека  ги разгледуваат две опции. Едната е ДУИ да биде дел од владината коалиција, а втората опција е да даде подршка за малцинска влада, но партијата да биде во опозиција, односно нивните партиски преставници, да не бидат дел од извршната власт.

Сепак ДУИ не објаснува , ако не се согласат  со платформите, дали ќе ја изгласаат новата влада, ете заради локалните избори, и ќе дадат ли глас за претседател на парламент од БЕСА, како втора партија по  број на пратеници Албанци, или како опозиционери. Не кажуваат дали ќе дадат глас за формирање влада на Заев , без нив ама со останатите партии на Албанци и.т.н…

Ова е само обид за седење на ДУИ на две столици што веројатно по волку влечење и пимплање, со најразлични заплети, и расплети ала „турски серии“ што ќе ги легне на плеќи велат познавачите на политичките прилки. Тие извадија максмум од загубата на парламентарните избори, успеаја да се пресвичаат во фактор, како победници, но главната сметка ќе им се испорача токму за локалните избори претпоставуваат експертите. Тие секако загубија и го преполовија своето членство и своите гласови, а со оваа политичка игранка со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ, сакам па не сакам , па не внатре, па ако, па ќе влезам во влада, само се  дозакопуваат.

Ваквиот одиум на (зло)употреба на позицијата и политика на ДУИ наиде на критики и потсмев  по социјалните мрежи.

Издвојуваме еден пост кој точно го обсервира политичкиот момент во државата и  позицијата сакам-нејќам на ДУИ:

Одлуката за тоа што ќе прави АЛИ се очекува за понеделник, тоа ќе значи обезбедување на уште некој ден слободен простор за Никола Груевски за мобилизација на ВМРО ДПМНЕ, и инциденти со националистичка реторика, која за воља на вистината секогаш му одговара и на ДУИ, за враќање на патриотизмот на Ахмети кој му го украдоа неговите опоненти до Алијансата на Албанците.

Гледајте ја и следната серија „Мала ама Велика Речица “ со најава на следниот прес на Османи и потоа вестите од штабот на ВМРО ДПМНЕ, веднаш по рекламниот блок на порталите.

Ад.

loading...

Слични содржини