ДУИ ќе гласа позитивно за разрешување на Мизрахи: Не почитува двојазичност и Преспански договор

од Aleksandar Todeski
283 прегледи

Демократската Унија за Интеграција ќе даде позитивно мислење, техничката министерка за труд и социјална политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи да биде разрешена. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби рече дека тие се за нејзино разрешување, бидејќи не ги почитувала двојазичноста и Преспанскиот договор.

„ДУИ на Конгресот рече дека би пристапиле во коалиција ако се почитуваат Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и двојазичноста. Бидејќи техничката министерка Мизрахи затоа што таа не ги почитува двојазничност и Преспанскиот договор, поддржуваме нејзино разрешвуање“, рече Груби.

Разрешувањето на Мизрахи е закажано за денеска во 15 часот, на седница посебна од онаа на која пратениците треба да се изјаснат за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители.

А.Т.

 

Слични содржини