ДУИ мора да оди во опозиција, велат од „Белата палата“ откако САД го стави Мерко на црната листа

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение ја коментираше одлуката на Стејт департментот да го стави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД. Според партијата, САД нотира дека владините функционери се мешаат во судската власт и диктираат пресуди.

-ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери. Ова е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД. Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека потребна е одговорност.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека Мерко проневерил средства и се мешал во судски и други јавни процеси, поткопувајќи ја вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија.

Се додава дека овој потег испраќа порака дека САД стојат покрај Северна Македонија во зајакнувањето на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото.

Санкциите важат и за сопругата на Мерко и нивните три возрасни деца.

Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер на Твитер напиша дека граѓаните на Северна Македонија заслужуваат функционери со интегритет и систем кој ќе покаже одговорност.

Слични содржини