Два дена Мицкоски не одговара од кого барал власт за да го смени Уставот, вели Каевски

од Nikola Popovski

СДСМ денеска повторно побара одговори од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „со кого се среќавал од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот“.

-Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?  Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања. Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа тие стануваат се порадикални во деструктивното дејствување, рече портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски, додавајќи дека „Мицкоски два дена се крие и молчи на јавно поставени прашања“.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски прв ја информира јавноста и праша за наводните средби на Мицкоски.

-Поставив прашање до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дали при негови средби со странски и домашни политичари на состаноците што ги има, им вели дајте ми власт и тогаш ќе го сменам Уставот на државата. Тоа е прашањето што го поставив до него, повтори вчера Ковачевски.

 

Слични содржини